
Обама во вторникот пред State of the Union ја претстави својата програма, која вклучува намалување на невработеноста, намалување на данокот за малите компании, даночно олеснување за новите бизниси, реформи во образованието, реформи во здравството, инвестирање во енергетиката, поправање на инфраструктурата, регулаторна гилотина, борба против криминалот.
Обама во „својот Манифест за реформи и развој“ предвидува преземање на голем број на чекори кои веќе се дел од програмата на владејачката партија во нашата земја.
Американскиот претседател во својот говор вети дека ќе се бори за подобра економија и воедно истакна дека во тој правец, со цел да се создадат нови работни места, ќе има даночно олеснување за малите компании.
-Повеќето работни места се создаваат со почетни и мали бизниси затоа да започнеме план со кој ќе им помогнеме на нив да успеат. Да се урнат прописите кои ги спречуваат претприемачите да ги зголемуваат финансиите. Да се прошират даночните олеснувања за малите бизниси, кои ги зголемуваат платите и создаваат нови работни места, посочи Обама.
Во Р. Македонија постојат 27.183 микро и мали фирми што претставува 35 % од вкупниот број регистрирани претпријатија, кои се најчесто семејни бизниси и претставуваат самовработување. Годишниот приход доаѓа само од вредноста на продадената стока, од што се покриваат трошоците за материјали и платите на вработените.
Според предвидената програма на владејачката партија, со цел да им се помогне на микро и малите бизниси со вкупен годишен приход до 3 милиони денари, данокот се укинува
Со цел намалување на невработеноста, американскиот претседател Обама го спомена и факторот образование, бидејќи инвеститорите исклучиво бараат работници со знаења и вештини.
Според него американските универзитети треба да ја намалат школарината бидејќи „високото образование не смее да биде луксуз“, а очигледно е дека со него се сложува и нашиот премиер, кој токму пред Новата година најави и целосни стипендии кои ќе ги покријат и останатите трошоци за сите кои ќе успеат да се запишат на првите 100 универзитети, односно 200 за техничките науки според Шангајската ранг-листа.
Во земјава се врши градење и реконструирање на училишта, а актуелната влада покрај стипендиите, со цел да ги мотивира младите, најави и ваучери од 5.000 евра за почеток на бизнис, намалување на регистрација на фирми и намалување на цената за отворање фирма од страна на студентите за 50 %.
Обама вели дека средното образование мора да стане задолжително, а тоа во Македонија е така уште од 2008 година.
Кога станува збор за американската инфраструктура , Обама вели дека има многу за градење.
-Америка треба да биде повторно изградена. Имаме распаднати мостови и патишта. Во следните неколку недели ќе потпишам извршна наредба за да се тргне црвената лента, која ги забавува градежните проекти, изјави Обама.
Во овој правец со цел подобрување на македонската инфраструктура Владата покрај изградба на автопати, изградба или реконструкција и проширување на експресни, магистрални и регионални патишта, 50 милиони евра за водоводи и канализации и изградба на железничка пруга кон Бугарија, вложи и во проектот „Скопје 2014“, кој иако доста оспоруван, според многуммина не само што се запишува македонската историја, туку народот го добива и своето вистинско обележје на нација која постои уште од библиските времиња.
Овој проект има амбиции и за развивање на туризмот, кој сам по себе носи инвестиции, од каде може да се заклучи со сигурност дека „Скопје 2014“ не само што ќе го подигне единството на Македонците, туку и нивниот стандард. Политиката на Обама индиректно го оправдува проектот Скопје 2014, за кого премиерот Груевски смета дека е добар и обезбедува опстанок, заработка, не само на најголемиот дел на градежните компании туку и на десетици илјади работници, во време кога ја живевме најголемата светска економска криза.
Помеѓу значајните проекти во Македонија е и „Купи куќа-купи стан“ кој има за цел да овозможи субвенционирани камати и други поволности за граѓаните да може да дојдат до купување или изградба на куќа или купување стан, додека пак во САД Обама за истото предлага доделување кредити за одговорните семејства.
Обама посочи и дека инвестициите во енергетиката се витални за создавање на нови работни места и ги истакна новоизградените ветерници под негова надлежност. Овој проект веќе е вклучен во програмата на македонската Влада, која за изградбата на ветерниците во Богданци одвои 55 милиони евра.
Со инвестиициите особено во здравството не треба да се запре, истакна Обама, а Владата предводена од премиерот Груевски од друга страна нуди 100% зголемување на платата за најуспешните 100 доктори во јавното здравство.
Повеќе од очигледно е дека политиката на лидерот на најмоќната држава во светот се совпаѓа со политиката на македонскиот премиер, што водејќи се од сржта на американскиот успех ја носи основата на, според многуммина, претстоечкиот македонски успех.
Во споредба со претходно се чини дека се намалува бројот на скептиците со мислење дека ваквата политика нема да успее, а она што ќе ги разубеди оние цврсто тврдоглавите е светлата претстоечка иднина, која е крајната дестинација на оваа програма, која очигледно не е само својствена за македонската Влада туку и за светски најмоќната нација.
Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие![]() Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ... |
Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање![]() Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден... |
Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром![]() Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед. |
Македонија ќе извезува вино во Кина!![]() Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од... |