istrazi-ja-makedonija
Освежено 23:12:41
Петок, 18 Мај 2012
Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Американската ТВ станица Fox News во вестите во вторникот објави неточна слика од Европа на која Бугарија беше ставена на просторот од некогашната СФРЈ.

234515-fox 

Тоа не беше единствена грешка на познатата ТВ станица, со оглед на тоа дека името на Србија беше впишано на територијата на денешна Унгарија и спрема мапата на телевизијата нашиот северен сосед ги завзема териториите и на Австрија, Словачка и Чешка.

На мапата на Европа прикажана во текот на вестите во кои главен фокус беше ставен на изборите во Ајова за републикански кандидат за претседател на САД, не само што беа помешани имињата, туку беше поставена стара карта со оглед на тоа што небеше регистриран распадот на СФРЈ, па на сите 255.804 квадратни километри според мапата се простира Бугарија.

Имено, прикажувајќи ја југоисточна Европа, Хрватска, БиХ, Словенија, Црна Гора и Македонија се потполно избришани, а на нивно место е претставена држава која изгледа како поранешна СФРЈ, но се вика Бугарија.

Интересно е што ова не е прв пат американските медиуми да погрешат со мапата на Европа. Познавањето на географијата никогаш не им била силна страна на Американците.

banner-vmro-zk-300x250
  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена

Избор на уредникот

Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие

News image

Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ...

Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање

News image

Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден...

Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром

News image

Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед.

Македонија ќе извезува вино во Кина!

News image

Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од...