Вести

300 илјади пензионери заборавени, нема покачување на пензиите

300.000 пензионери на удар на економските политики на Владата.

Од новата влада очекувале повеќе, бидејќи во предизборната кампања СДСМ ветуваше достоинствен живот за постарите граѓани. Со минатогодишните зголемувања на пензиите од 600-тини денари успевале да ги покријат трошоците за сметки, лекови и храна, сега стравуваат како ќе го поминат месецот.

Од Сојузот на здружението на пензионерите велат дека мора да се размислува за дополнително зголемување на пензиите, особено за 170.000 пензионери чии месечни примања се под просекот. Кај нив покачувањето за минатиот месец ќе биде помалку од 100 денари, вели претседателот Аргировски.

Во овој случај, со најмала пензија 8.500 денари ќе земе само 80 денари, а ако земал 640 денари значи дека губи околу 500 денари. Значи со други зборови, треба да се размислува како да им помогнеме на тие што имаат помали пензии, вели Аргировски.

Во изминатите десет години, најниската пензија се зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, скокна на 8.895 денари во декември 2016 година. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година стигна до 13.754 денари, што е зголемување за 79%.

Пензионерите разочарани: „Нема покачување на пензиите, кај ти даваат овие покачување…“ (ВИДЕО)

Гочевски: Пензионерите уште еднаш почувствуваа како е кога СДС управува со државата

Пензионерите се чувствуваат измамени, наместо покачување добија пониски пензии

Министерката Мила Царовска која мора да го реализира порамнувањето на пензиите, се обиде тоа да го претстави како покачување. Во обидот да ги излаже пензионерите, министерката поставена од Заев се заплетка и во математичките пресметки за тоа колку биле, а колку ќе бидат пензиите повисоки.

Пред да дојде СДСМ на власт, пензионерите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ речиси секоја година добиваа по 670 денари месечно покачување. На годишно ниво, пензионерите добиваа зголемување од над 8000 денари. Сега, наместо покачување, СДСМ на пензионерите им “протнува“ порамнување од само 180 денари месечно.

Пензионерите се изреволтирани и велат дека нема никакво покачување и висината на пензијата која што ја зеле минатиот месец нема никакво покачување.

Тие го искажуваат револтот на социјалните мрежи, покажувајќи дека нема да дозволат заев и СДСМ да манипулираат со нив. Еве дел од нивните коментари:

-Ни ги намалија пензиите сега што останува да го укинат и бесплатниот превоз, бањите? Зарем не заслужуваме некаков подарок од државата кон нас старите лица? Дали за ваков живот зборуваа пред избори? Ветуваа брда и планини а не исполнија ништо.

-Заев го укина покачувањето на пензиите! Дали Заев има страв од нив, па затоа реши да ги заплаши?… Дали животов беше за Македонија или за некоја друга држава што не ја знаеме?

-Пензионерите се измамени!!! Заев лажеше дека ќе го подобри животот на пензионерите… Каде ќе одат нашите пари за кои сме работеле цел живот?

-Вака ли се грижи Заев за својот народ, за пензионерите?