Освежено 15:18:27
Среда, 17 Септември 2014
Вести денес: 103

Граѓаните масовно застануваат зад кандидатурата на актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов за втор претседателски мандат.

iiii222

Откако во саботата за нешто повеќе од два часа над 20.000 граѓани се потпишаа на кандидатурата на Иванов, според информаците до кои дојде Курир само за неколку часа се собрани 63.253 потписи.

Со огромниот број на потписи и масовноста, граѓаните покажаа дека максимално застануваат зад актуелниот шеф на државата и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, во претседателската трка за втор мандат.

Собраните над 63.000 потписи за неколку часа покажуваат дека Ѓорге Иванов ужива огромна почит од многу граѓани на Република Македонија, додека ВМРО-ДПМНЕ покажа дека практикува отворена, демократска и транспарентна постапка.

Спротивно на ова, изборот на СДСМ Стево Пендаровски да биде кандидат на најголемата опозициска партија според пишувањата на дел од медиумите е направен нетранспарентно, зад затворени врати и без процедури. Дополнително, фактот што социјалдемократите ги кријат имињата на преостанатите седум кандидати кои влегле во потенсиот круг, уште повеќе ги поткрепува ваквите пишувања.

Социјалдемократите одбија да излезат со детали, она што е познато е дека тие нема да собираат потписи за Пендаровски и тој ќе биде единствениот кој без собрани 10.000 потписи ќе влезе во претседателската трка. За разлика од него, на претходните претседателски избори СДСМ собираше потписи за нивниот кандидат Љубомир Фрчкоски.

Поради неможноста да ги соберат потребните 10.000 потписи од претседателската трка отпаднаа Стојанче Ангелов и професорката Билјана Ванковска.