Освежено 15:38:38
Петок, 19 Септември 2014
Вести денес: 102

Граѓаните доколку утре се одржат парламентарни избори најголемата доверба ќе и ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ. Во законодавниот дом, партијата на власт би освоила 59 пратенички мандати.

sobranie-mandati-500

Ова се резултатите од анкетата на Институтот Димитрија Чуповски спроведена со цел да се измери поддршката на граѓаните кон политичките партии.

Според добиените резултати од одговорите на граѓаните на прашањето „Доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале”, а со користење на Донтоновиот модел за пресметка, најголем број на пратенички места ќе освои ВМРО-ДПМНЕ.

Од Институтот Димитрија Чуповски информираат дека во симулативните резултати не се земени во предвид пратеничките мандати од дијаспората.

mandati-500

СДСМ би освоиле 36 пратенички мандати, а во законодавниот дом би влегле и двајца пратеници од ГРОМ.

Анкетата била спроведена телефонски во периодот од 24 до 26 јануари врз репрезетативен примерок од 1530 испитаници со цел да се измери поддршката на граѓаните кон политичките партии.

Helendoron Baner 300x250
potrebni sme i na makedonija 300x250
inter-al-pin-03
motocross 300x250
AdvMOT300x250
transmet-300x300
BlokMAKS kurir 300x250px-01