Освежено 12:49:03
Недела, 23 Ноември 2014
Вести денес: 32

vikend-intervju-vele-samak

Бранко Црвенковски и Али Ахмети пред договор.

za-stevo

Професорот и екс советник на Бранко Црвенковски нема никаква пречка да биде кандидат за претседател на опозицијата откако изминативе десетина дена со успех се привршени разговорите меѓу претставници на СДСМ и ДУИ поточно меѓу луѓе од доверба на Црвенковски и Али Ахмети.

„Република“ објавува дека за најголемата партија на Албанците во Македонија, Стево Пендаровски е соодветен кандидат затоа што токму тој како прв човек на Државната изборна комисија во 2004 го верификуваше изборниот фалсификат за избор на Црвенковски.

Тогашниот шеф на државата беше избран со поддршка на албанските гласови а тој договор претходеше на најкатастрофалната одлука на СДСМ за Законот за територијална поделба.

- Дел од оние кои што свовремено работеле во кабинетот на Црвенковски велат дека токму Пендаровски бил човекот кој ги вршел најсложените и најнечесни замисли на Црвенковски. Тој е човекот  кој на ДУИ им ветувал решение за името и притисок кон кохабитационата влада на ВМРО ДПМНЕ доколку Ахмети на терен ги наполни кутиите и  даде поддршка за изборот на Црвенковски, Пендаровски да биде кандидат за претседател, пишува Република.

Иако Пендаровски во последното интервју за Пресс 24 во однос на претседателските избори вели дека за тоа прашање до сега нема разговарано со ниту еден политички субјект, оценувајќи ги објавените информации како шпекулации, сепак судејќи според неговите одговори во интервјуто јасно е дека тој полека ја најавува кандидатурата, а тоа го потврдуваат и информациите кои ги пренесува Република дека со успех се завршени преговорите помеѓу Црвенковски и Ахмети. 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во јавноста неодамна излезе со став дека СДСМ бара натпартиски кандидат за претседател, а Пендаровски не може да се смета за таков бидејќи тој е претседателот на Советот за безбедност и НАТО евроинтеграции на СДСМ. Сепак, партиски извори коментираат дека Заев нема избор, бидејќи Пендаровски е наметнато решение од страна на Бранко Црвенковски. 

На Заев и Шекеринска, кои се немоќни да се спротивстават на ова наметнато решение, им преостанува покорно да ги слушаат инструкциите на Црвенковски, кој за кандидат за претседател на опозицијата избра свој лојален човек. Моќта на екс претседателот во партиските структури е една од главните причини поради кои Заев и Шекеринска ќе мора да се помират со ваквиот избор.

Спонзорирани линкови

miroslav-ilic-koncert-300x250

asseco-see-300x250

MARS 2014 250x300

bilna-apteka-alkaloid-2

transmet-300x300

Baner AG 300X250