Освежено 08:31:13
Четврток, 24 Април 2014
Вести денес: 11

 

Белгиската фирма ВанХол која отвори производен капацитет во Бунарџик, бара лица за вработување на неколку работни позиции.

oglas1

 

Во Дневник денес излезе оглас за барање на голем број работници од Македонија, со што најавите за вработување преку пристигнатите инвестиции добиваат целосна реализација.

ВанХол е производител на автобуси со просечно годишно производство од 1.400 автобуси и 4.000 комерцијални возила од кои 80 отсто се извезуваат низ целиот свет.

Какви кадри и се потребни на ВанХол?

На фирмата и се голем број на невработени лица кои токму таму ќе добијат работа. Ван Хол бара: тим лидери, заварувачи, столари, електричари, инсталатери, механичари, автолимари, автолакери, полирачи, инсталатери на прозорци, општи монтери, тапетари, контролор на залихи, набавувач, администратор за логистика и царина, оператори во магацин, техничари на квалитет, техничар во лабораторија, контролен техничар, техничарза квалитет, техничар за одржување на зграда, техничари за машинско одржување и управување со отпаден материјал, координатор за безбедност и здравје при работа, IT координатор, тренинг асистент и асистент по трудова медицина.

Кој се’ може да се пријави?

Минимум услов за сите позиции е завршено средно образование, по можност техничка насока и соодветно работно искуство во производство.

За некои позиции е потребно и познавање на англиски јазик. За позицијата координатор за безбедност и здравје при работа потребна е завршено високо образование на некој технички факултет и соодветно работно искуство од областа.

Предност ќе имаат кандидатите со лиценца.

Важно е при испраќањето на CV кандидатот да назначи во насловот на пораката за која позиција аплицира.

Еден кандидат може да аплицира и за повеќе позиции.

Селектираните кандидати потоа ќе бидат повикани на интервју. 

Апликациите треба да се испратат на имејл адресата Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 oglas2

Големата фирма пристигна во Македонија како резултат на владиното роуд-шоу во Белгија кое се одржа во ноември минатата година.

Фабриката е лоцирана во ТИРЗ Скопје, а инвестицијата, според најавите, е 30 милиони евра. Компанијата одлуката за инвестирање во Македонија ја донесе по средбите со владините претставници за време на роуд шоуто во Брисел во ноември минатата година.

Како што беше најавено, фабриката ќе отвори нови 400 работни места и ќе го зголеми извозот за 100 милиони евра.

Со изградбата на фабриката,  Македонија повторно ќе стане ивозник на автобуси. Првата тура од 500 автобуси компанијата веќе ја има потпишано и ќе се пласира на американскиот пазар.

Ванхол е основана во 1947 година и има над 4.000 вработени.

Оваа фабрика е цврст доказ за значајноста од пристигнувањето на странските инвестиции. Во низата добробити, со сигурност се издвојува отворањето на работни места.

Baner DIK MK 300x250
vlado-janevski-300x250
asseco-see-300x250
caffetin-menstrual-300x250-mk

Избор на уредникот

Започна изградбата германската фабрика „Marquardt GmbH” во Велес

News image

Денес започнаа градежните работи за изградба на фабриката на германската компанија „Ma...

ФОТО: Новиот парк за деца со посебни потреби во Ѓорче, вистинска среќа за малиот Јане

News image

Петгодишниот Јане Велковски сега има место каде да се лула и да игра кошарка иако е во...

Филип- Македонецот со челична волја чиј сон се исполнува

News image

Филип Михајловски ги сплоти хуманите луѓе во Македонија. Со право ќе го наречеме херој...

  • 24 часа
  • 7 дена
  • 30 дена