Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС работи со манипулации, создавање на хаос и демонстрирање на бандитизам кој станува нивна главна одлука

Заев со амнестија ги лаже затворениците и ги злоупотребува во предизборни цели. Мавтањето со предлог закон за амнестија кон прекршителите на законот, сторители на кривични дела не е ништо друго туку изборна корупција и кохетирање со затворениците пред избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку случајот на ослободувањето на Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи се покажа дека кога сака СДС и Заев не им е потребна амнестија за ослободување туку тоа се прави преку кршење и злоупотреба на законот. Зоран Заев е нечесен кон луѓето кои се по затворите. Тој сака да ги искористи како гласачка машинерија, а во реалноста тој ќе ги измами и оваа категорија на граѓани. Владата на СДС работи со манипулации, создавање на хаос и демонстрирање на бандитизам кој станува нивна главна одлука, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека ова граѓаните ќе го казнат СДСМ на 15 октомври.