Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Ванхауте ги откри намерите и стратегијата на аболицираниот криминалец Заев

Питер Ванхауте ги откри намерите и стратегијата на аболицираниот криминалец Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

darko kostovski

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Срамно и недолично Ванхауте исто како и неговиот партнер Зоран Заев на маса става нешто што не е негово. Нешто за кое што гинеле бројни генерации. Ја става на маса унитарноста и суверенитетот на Република Македонија.

Питер Ванхауте отвара дебата за федерализација на Република Македонија, чин кој најостро треба да се осуди.

За жал Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ повторно молчат. Молчат како што молчеа и за скандалозните изјави на албанската пратеничка Месила Дода која директно му се закани на Заев дека доколку отстапи од платформата, тогаш Албанците ќе се обединеле околу идејата на Илирида. Молчат исто како што молчеа и кога Зијадин Села, реформскиот адут на Зоран Заев го негираше македонскиот идентитет и тврдеше дека пред 100 години не постоеле Македонци. Молчат исто како што молчеа кога Трифун Костовски им го одзеде правото на Македонците од Егејска Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјава.

Молчат затоа што аболицираниот Зоран Заев и СДСМ ја отворија Пандорината кутија за редефинирање на Македонија. Лично Заев најави дека за прашањата од највисок национален и државен интерес ќе дебатираат партиски експерти од потписниците на Тиранската Платформа.

Дебатата која Заев сака да ја отвори е сериозна и граѓаните веќе може да претпостават како ќе заврши.

Зоран Заев треба час поскоро да ја отфрли  јасно и гласно Тиранската Платформа и да се откаже од реализација на елементите содржани во неа.

Доколку на уценетиот и аболициран Зоран заев му е важно да дојде на власт, ВМРО-ДПМНЕ повторно му порачува дека доколку се откаже од Платформата, ќе добие поддршка од нашите пратеници да формира Влада, онаква каква што тој ќе одлучи.

Исто така ако сеуште размислува да ја реализира Платформата, тогаш нека прифати парламентарни избори заедно со локалните, па граѓаните ќе може да кажат што мислат за неа. Најдобрата дебата на оваа тема се изборите. Доколку СДСМ смета дека Платформата и нејзините елементи треба да се прифатат нека ги вметне во својата изборна програма, а народот ќе го даде својот суд, без притоа изборно да биде измамен.