Политика

ВМРО-ДПМНЕ со порака до граѓаните: Пуштете ја светлината во Македонија (ВИДЕО)

„Пуштете ја светлината во Македонија“ е пораката која ВМРО-ДПМНЕ ја испрати вечерва на само неколку дена пред изборите преку ново видео кое се емитуваше вечерва на националните телевизии.

Лидерот на партијата Никола Груевски во своите настапи предупредува на помрачувањето кое ја зафати Македонија, предупредувајќи на катастрофалните економски политики, намалувањето на платите, преполовувањето на капиталните инвестиции, аферите и корупцијата која ја прави Владата на Заев.