Политика

Цветковски: СДС на големо се подготвуваат да ги злоупотребат државните ресурси во партиски цели

На вечерашниот Live Chat на ВМРО-ДПМНЕ членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Марио Цветковски одговараше во живо на прашањата на граѓаните. Меѓу другото тој одговори на прашањето ,, Кои се вашите очекувања од престојните избори?’’. Цветковски истакна дека очекува една фер битка, уредно организирани и без никакви инциденти спроведени избори каде граѓаните без притисоци закани и уцени ќе можат  да го искористат своето право за глас.

 

-Ме загрижува една информација која што неодомна проструи низ медиумите за тоа како општинските ограноци на СДС на големо се подготвуваат да ги злоупотребат државните ресурси во партиски цели. На очиглед на сите, кандидатот на СДС во Кисела Вода презентираше SWOT анализа со силни и слаби страни на СДС на престојните избори и во силните страни на СДС ги вбројува МВР и буџетот на РМ, изјави Цветковски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ како партија апелирала до претставниците на меѓународната заедница и ДИК да се спречат намерите на СДСМ да ги користи државните ресурси во партиски цели.

За крај тој напомена дека треба да победи кандидатот кој има реална и движечка програма, а не кандидат кој ќе победи под присила и уцена нешто што СДС планира да го спроведе.