Политика

Цветковски: Граѓаните во Куманово мака мачат со години, СДСМ нема што да им понуди

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марио Цветковски вечерва одговараше на прашањата на LiveChat на ВМРО-ДПМНЕ. Едно од прашањата поставени до Цветковски беше негова оцена за досегашната работа на актуелниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски.

 

-Прашањето е компексно и нема такви мерки и алатки за да ја оценат работата на локалната власт во Куманово. Тоа најдобро го знаат граѓаните на Куманово, изјави Цветковски.

-Граѓаните мака мачат со години и години за едни основни проблеми кои што воопшто не ни треба да бидат тема на дискусија ниту проблем на граѓаните во 21 век. СДСМ во Куманово е на власт веќе 12 години и воопшто не е интересно сега да се дискутира што тие воопшто ќе понудат на престојниве локални избори. Кадарот со кој располага СДСМ, почнувајќи од Дамјановски па се до сите локални функционери кои управуваат со локалната власт во Куманово и општината е доволно и повеќе од јасно за тоа кој управува со нашиот град и да биде ценет од граѓаните, додава тој.

Според него СДСМ со години ги уништуваа јавните претпријатија, со години и години вработуваа, направија неоправдани финансиски недостатоци.

-Со години и години низ Куманово останаа неасфалтирани улици, поставени канализациони системи и дотраен и небезбеден систем за водоснабување на граѓаните. Нема ниту еден капитален проект реализиран од СДСМ и актуелниот градоначалник. Ветени се тополници за отпад, ветено и задолжено е да се дислоцира депонијата пред селото Пчиња село кое го снабдува Куманово со зеленчуци. Останува на граѓаните својата пресуда и оценка да ја дадат на престојните локални избори и веќе еднаш да тргне работата во Куманово, посочува Цветковски.