Политика

Ристовски: СДС ја користи полицијата за да поднесува банални кривични против наши кандидати за да бидат оцрнети

На минатата прес конференција ги презентирав нашите информации дека СДС ќе ја користи и злоупотребува полицијата во функција на подобар изборен резултат на локалните избори, а нашите информации беа потврдени и од самите партиски штабови на СДС кои правеа стратегии врз основа на насоката од нивната централа дека МВР ќе работи за СДС на овие избори, истакна на денешната прес-конференција Спиро Ристовски, претседател на Републички изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Фатени на дело дека прават изборни злоупотреби, и соочени со својот страв од сериозен пораз кој им следува на локалните избори, СДС проба да ја исмее и потисне нашата прес конференција, но вистината не може да биде скриена, и по кој знае кој пат фактите го демантираа СДС и фактите потврдија дека СДС ја користи полицијата во партиски цели. Денес од полицијата на СДС беше поднесена кривична пријава против уште еден наш кандидат за градоначалник, против Славчо Чадиев од Велес, и тоа неаргументирано, без докази, без факти, единствено во функција да се оцрни нашиот кандидат за градоначалник и да се фаворизира нивниот кандидат. Значи Чадиев е гонет затоа што ставил точка на дневен ред! Да, добро слушнавте за ставена точка на дневен ред на Совет на Општина Велес во 2012 година, вели Ристовски.

Ристовски посочи дека без предметна кривична пријава, за ставена точка на дневен ред, исто како и беспредметните кривични пријави за уште двајца наши градоначалници од кои на едниот му беше поднесена за неосигураноста од шарањето на општината од страна на платениците на СДС, а на другиот врз основа на сменета изјава на еден поединец кој работи за СДС.

-Монтирани случаи во класичен сталинистички стил. Поголем доказ од ова дека СДС ја користи полицијата за партиски цели и во функција на нивната кампања – нема. Тие ја користат полицијата да поднесуваат вакви банални кривични пријави за граѓаните да мислат дека нашите кандидати нешто лошо направиле, да бидат оцрнети и да им биде пресудено без суд. Тие ја користат полицијата и да одвратат други наши кандидати од локалните избори. Се закануваат, притискаат, прават монтирани случаи, пласираат груби лаги и конструкции, вели Ристовски.

Претседателот на РИШ на ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДС ја користи полицијата во нивната кампања и во партиски цели!

-Тоа е груба злоупотреба и за ова еден ден ќе одговараат и оние кои ова го смислиле, но и оние кои ова ќе го реализираат истото. Им порачуваме на полицајците да не влегуваат во вакви замки и вакви игри, полицајци се и знаат што ова значи и каков криминал некој ги тера да прават, и тие се уште има време да се тргнат од одговорноста. А нарачателите на овој политички прогон кои седат во владата нема да избегаат од одговорноста, и од правдата! СДС одбра да оди по погрешен и многу опасен пат. Ваквите удбашки методи нема да помогнат на нивниот рејтинг и тие ќе загубат убедливо на локалните избори. Ништо не може да ги спаси од пораз, ова помрачување кое го прават е видливо за секого и тоа мора и тоа ќе биде прекинато. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено на сериозен и суштински одговор на оваа ступидна, погрешна и тотално непродуктивна стратегија која ја применува СДС, посочува Ристовски.