Политика

Павлоски: ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека тоталната партизација која Спасовски ја спроведува ќе створи хаос во МВР

Колку деца треба да бидат повредени од полицијата под раководство на Оливер Спасовски за тој да сфати дека не е дораснат на одговорноста и позицијата што му е доверена. Во колку момчиња полицијата треба да пука за Оливер Спасовски да се свести дека треба да си даде оставка, изјави денес Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предупредувале дека тоталната партизација која Оливер Спасовски и СДС ја спроведуваа во изминатите 3 месеци со поставување на некомпетентни кадри во МВР ќе створи хаос.

-Оливер Спасовски го парализираше МВР и придонесе граѓаните секојдневно да се вознемируваат од брутални, крвави убиства и безредие. Поместувањето на полицајци по неколку скалила во хиерархијата, унапредувањето на свои луѓе на раководни позиции, само затоа што се со  партиска книшка и партиска заслуга, предизвика несигурност кај полициските службеници и тотална нефункционалност на полицијата, истакна Павлоски.

Цената, вели тој, ја платија момчиња од 16 и 17 годишна возраст кои се ранети од струмичката полиција, каде што началник е доверлив партиски послушник на Заев и СДС. Малолетните момчиња се уште се на болничко лекување борејќи се за својот живот. Оливер Спасовски го нека да ги погледне во очи и да им се извини на нив и нивните родители. Го нема да им побара да му простат и да им понуди оставка. Ги игнорира, а после Диво Насеље трчаше да се слика со локалното население, исто како што неколку часа уживаше во фотографирање со извалкано возило.

-Јасно им е на неговите поискусни сопартијци дека нема бегање и нема оправдување за тоа како Спасовски ја води полицијата. Затоа само неискусниот и неискрен Павле Богоевски, беше принуден да се срами и да се обиде да го брани тоа што не се брани. Додека јавноста е во шок, а граѓаните се исплашени за својата безбедност, Спасовски ужива по сплавови и се релаксира со скапи пијалоци.  Секојдневно по улиците низ државата се случуваат убиства и престрелки, како во озогласените фавели во Бразил, но Спасовски и Заев со прст не мрднуваат. СДС и пред изборите беше во коалиција со криминалот и остана во истата. МВР на чело со Оливер Спасовски наместо институција која треба да им ја гарантира безбедноста и сигурноста на граѓаните, стана институција во која владее тотално безредие, посочи Павлоски.

ВМΡО-ДПМНЕ уште еднаш јавно го повиκува Спасовсκи да си поднесе оставκа од моρални пρичини и да не ја дρжи во стеги безбедноста на цела дρжава.

Одговорност мора да има и ќе има. Многу бргу ќе се врати правната држава, а сите оние кои се дрзнале да го прекршат законот ќе се соочат со индивидуална политичка и кривична одговорност.