Политика

Ѓорѓиевски: СДС сега се потпира на полициските структури со цел подобрување на резултатите кои ќе ги имаат на локалните избори

Владата на СДС во отсуство на реални проекти и дебаклот кој го доживеа во своите први 100 дена сега се потпира на полициските структури со цел подобрување на резултатите кои ќе ги имаат на локалните избори на 15-ти октомври, изјави на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Главниот аргумент на СДС нема да бидат програмата и проектите туку полицијата и политичките хајки кои ќе се прават врз кандидатите за градоначалници. Токму тоа го потврдуваат последните примери, каде СДС води нарачана, и пресметана хајка врз градоначалниците на ВМРО поднесувајќи нарачани, неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел. Градоначалникот на Велес, Чадиев доби, пријава за тоа што ставил пред 5 години, точка на дневен ред, градоначалникот на Прилеп, Ристески пак доби пријава зошто не ја осигурал општината од нагрдување на шарените, додека на шарените платеници влакно не им фали што ја руинираа општинската зграда, градоначалникот на Кавадарци, Панов заработи кривична која нема никакви докази и се базира на изјава на сведок кој патем неколку пати ја менувал изјавата, потенцираше Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека најглавното централно место во стратегијата на СДС има употреба на МВР. Тоа се гледа и во свот анализата на СДС, Кисела Вода каде си нацртале дека полицијата ќе помогне на партијата во изборите и дека надежта е токму нејзината злоупотреба.

-МВР не смее да биде продолжена рака на СДС. СДС се плаши дека ќе ги загуби изборите и затоа прибегнува кон злоупотреба на државниот апарат, заврши Ѓорѓиевски.