Политика

Ексклузивно: Сопругот на Ременски повеќе не е советник во кабинетот на Директорот на УБК

Управниот суд ги стави вон сила сите 29 незаконски решенија кои ден пред Нова Година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи,  Оливер Спасовски.

Oliver-Spasovski-Frosina-Remenski-735x400

Судот практично ја прифати тужбата на заменикот министер Митко Чавков и изрече времена мерка со која тие се нижтовни се до донесувањето на конечна пресуда.

Пет од поништените решенија се незаконските разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид.

Со одлуката автоматски се поништуваат и решенијата со кои Спасовски незаконски си назначи нови началници. Истото важи и за разрешениот началник на одделението за полиција во Охрид каде Спасовски постави свој човек против кого се водеше дисциплинска.

Управниот суд со времена мерка ги стави вон сила и незаконските решенија на Оливер Спасовски со кои спротивно на системот на кариера воспоставен во полицијата, беа унапредени уште 17 лица , партиски кадри на СДСМ.

Некои од нив од страна на Спасовски, незаконски беа подигнати и по 7 нивоа во хиерархијата на министерството.

Таков беше примерот со сопругот на Фросина Ременски кој од инспектор во ПС Гази Баба пред Нова Година доби решение со кое беше прераспореден во кабинетот на директорот на УБК.

Подеднакво скандалозно беше унапредувањето на неколку нивоа и на вработен во МВР кој со првостепена пресуда беше осуден на неколкугодишна казна затвор за случајот Шпиун.