Политика

Димовски: СЈО ја реализира финалната фаза од битката на аболицираниот Заев против сите медиуми кои не се под контрола на Бихаќка

Специјалното јавно обвинителство е целосно поставено и трансформирано како извршен орган на Социјалдемократскиот сојуз. Во моментов СЈО ја реализира финалната фаза од битката на аболицираниот криминалец Зоран Заев против сите медиуми кои не се под контрола на Бихаќка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО влегува во отворена пресметка со сите медиуми кои беа прогласени лично од Зоран Заев за негови најголеми непријатели.

СЈО крајно непрофесионално и селективно врши притисок и удира врз медиумите обидувајќи се да ги цензурира и да ги заплаши за да престанат да известуваат за политиките на СДС кои се спротивни на највисоките државни и национални интереси на Република Македонија.

СЈО како партиски цензор на СДС настапува и спротивно на членот 10 од европската конвенција за заштита на човековите права.

Прва на удар очигледно е Телевизија Нова. Телевизија Нова е на удар затоа што не ги премолчува и не ги релативизира протестите кои секојдневно се случуваат на улиците, секаде низ државата. Телевизија Нова без цензура го пренесува гневот и револтот на народот од прифаќањето на Тиранската Платформа и несогласувањето со пазарењето со државните и национални интереси, која што го прави СДС.

Затоа очигледно ТВ Нова им пречи на Социјалдемократскиот сојуз и на СЈО. Затоа без никаква правна и законска основа се покренуваат неосновани постапки и се бараат незаконски притвори. Затоа без никаква основа се бараат налози да се влегува по медиуми и да се заплашуваат сопствениците, уредниците и новинарите од тие медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ гласаше за СЈО кое професионално, непристрасно и неселективно ќе си ја врши својата работа.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО што ќе биде прв соработник и послушник на аболицирани криминалци и ќе служи како општинска организација на криминогеното раководство на Социјалдемократскиот сојуз.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе заплашува, цензурира и затвара медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за СЈО кое ќе вработува роднини и партиски членови од СДС и ќе ангажира функционери и поданици на аболицираниот криминалец Зоран Заев како експерти.

Со самото откажување од случајот „Пуч“, со пуштањето од притвор на Верушевски и со сегашниот атак кон медиумите, СЈО потврди дека нема ниту една рационална причина за продолжување на неговиот мандат.

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека секој треба да работи согласно законот и Уставот и никако поинаку. Секое прекршување на позитивните законски норми и Уставот на Република Македонија повлекува морална но и правна одговорност.

ВМРО најостро го осудува обидот да се задуши демократијата и медиумските слободи во Република Македонија чија цел е всушност целосно редефинирање на државата Република Македонија. Однесувањето на Катица Јанева најдобро го покажува недемократскиот капацитет на Зоран Заев кој загуби на изборите, но ја има власта во СЈО.

Сега на сите им станува јасно зошто Социјалдемократскиот сојуз без поддршка од народот сака да дојде на власт и како има намера истата да ја практикува.