Освежено 19:46:27
Среда, 23 Јули 2014
Вести денес: 139

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид реагира на однесувањето на градоначалникот Петрески и му посочува дека сценариото на СДСМ нема да дозволат да се спроведува во градот.

vmro

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Атанаско Михаилов, Претседател на OK на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Денес во Охрид, СДСМ и Петрески изведоа најгнасно и нечесно сценарио со кое сакаа да го уништат Охрид и да го полеат семето на омразата помеѓу Охриѓани.

Денес пред седницата на Советот на Општина Охрид со телефонско јавување и партиски наредби СДСМ и Петрески во салата каде се одржуваше седницата на Советот донесоа голем број на сограѓани, Охриѓани кои требаа да му го штитат грбот на најкриминалниот градоначалник и најкриминалното советничко мнозинство што некогаш го имал Охрид.

Со наредба за носење на луѓе СДСМ и Петрески сакаа да направат притисок и сценарио кое беше само во нивните глави и нивните идеи. Каде тргнавте Петрески? Против кого ги донесовте нашите сограѓани? Како ќе им погледнете во очи на луѓето што ги повикувавте да прават притисок во Советот, посебно како ќе го објасните тоа на интелектуалното ткиво на СДСМ?  Со каква цел го направивте тоа? Крајната цел на Петрески СДСМ им е насилство и создавање хаос дури и човечки жртви но ние нема да дозволиме оваа мала група лојалисти на македонскиот Гадафи Црвенкоски кој со однесувањето и повиците е единствениот виновник за ова што се случува во Македонија, да создава хаос и да ги нарушува институциите.

Најмалку од се ќе дозволиме сценаријата на СДСМ да се спроведат во Охрид. Во тоа име, а со цел да се заштити Охрид од наметнатото сценарио на Петрески и СДСМ на седницата на Советот во Охрид, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја напушти седницата не дозволувајќи да се остварат сценаријата за немири и евентуални инциденти. Со тоа го заштитивме достоинството и сограѓанството во Охрид. Петрески си заминува наскоро, СДСМ исто така, но не смее  во светиот Охрид да остават закрвавени страни што е нивна цел. Ние нема да го дозволиме тоа. Охрид е град на мирни граѓани и достоинствени луѓе, туристички центар и симбол на гостопримството.

Спонзорирани линкови

makedonija povikuva 300x250
servisen-centar-kadis
tri-krusi-2014
Shopping Medium Rectangle1
baner 300x250
Black Up 300x250

Избор на уредникот

ВИДЕО: Крушево од една извонредна перспектива

News image

Bo изминатиов период имавме можност да отидеме и да го снимаме градот на некогашната К...

ВИДЕО: Прекрасни снимки од Скопје кои ќе ве воодушеват

News image

Airview.mk  e компанија која за прв пат во Македонија го промовира воздушното сни...

ВИДЕО: Мајмунчето Лука ги освојува сите посетители на ЗОО

News image

Oмилениот член во скопската Зоолошка градина мајмунчето Лука ги краде погледите и ги о...