вторник, 20. февруари 2018. Вести денес: 71
home Култура

Златна Бубамара се сели во „Борис Трајковски“, билетите од денес во продажба

Златна Бубамара се сели во „Борис Трајковски“, билетите од денес во продажба

21 издание на омилената манифестација во 21.век во исчекување на подобар живот.

Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, пред нас е 21.издание на Златна БУБАМАРА, кое е – задолжително. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено што ни преостанува е – добрата забава!, стои во соопштението.

Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!
Затоа излезете од општествениот притвор и отворете порти за многу подобар живот!
Златна Бубамара ќе се одржи за прв пат во Вип арената Борис Трајковски на 22 февруари.

Ве очекуваме.

Патни трошоци не ви признаваме, а за се другоЧе разговараме. И да знаете – колку и да трае Че си седите!

Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 24, точно во 12:369 часот  преку www.mktickets.mk и на други продажни места за кои дополнително ќе ве известиме, а кои се познати по продажба на билети.