понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 45
home Култура

„Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи вечерва: Познати дел од добитниците на награди

Ќе бидат доделени 23 награди за популарност, меѓу кои за животно дело за октетот „Македонија“ и за трајни вредности за поп-дивата Маја Оџаклиевска.
„Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи вечерва: Познати дел од добитниците на награди

Радио „Бубамара“ вечер ќе ја организира по дваесет и први пат манифестација „Златна бубамара на популарноста“, годинава со слоган „За подобар живот“.

По две децении „минати“ во Универзалната сала, манифестацијата првпат ќе се одржува во ВИП арената „Борис Трајковски“ каде што, како што најави организитарот, повторно ќе ја раскаже изминатата година на сатиричен начин и со многу музика.

Ќе бидат доделени 23 награди за популарност, меѓу кои за животно дело за октетот „Македонија“ и за трајни вредности за поп-дивата Маја Оџаклиевска.

За годинашната манифестација плакатот го изработи  познатиот цртач на анимации Тхе Мичо од Битола.

– Во духот на логото на годинашната манифестација „За подобар живот“, постерот на 21. Златна бубамара претставува што се може да направи малку боја во сивилото на македонското општествено секојдневие, соопшти организаторот на шоуто за најпопуларните во 2017 година. (МИА)