Култура

Солистички концерт на виолинистката Ева Богоевска во театарот „Марчело“ во Рим

По успешниот настап на талентираната виолинистка Ева Богоевска во „Карнеги Хол“ во Њујорк, каде настапи како првонаградена на интернационален натпревар за класична музика, Ева продолжува да концертира и да нè претставува ширум светот.

 

На 26 август 2017 (сабота) виолинистката Ева Богоевска ќе одржи солистички концерт во театарот „Марчело“ во Рим. На пијано ќе ја прати пијанистката Верица Шотаровска, а на програмата ќе бидат застапени дела од: Тартини, Моцарт, Барток…

Ева Богоевска досега има остварено повеќе меѓународни победи и признанија како Прва награда ,,Кристалот на Сан Ремо“ на фестивалот Сан Ремо-Јуниор во Италија-2012 година , ,,Лауреат од прв степен на реномираниот Меѓународен Фестивал за класична музика во Санкт Петербург-Русија каде имаше 150 учесници од цел свет-2014 година, Гранд При на  Интернационален Фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим,Израел-2016 година.

Во 2017 година Ева Богоевска освои Прва награда на Интернационалниот натпревар за класичнамузика,,Рондо,, во Њујорк каде само во нејзината категорија учествуваа над 200 натпреварувачи од сите континенти во светот. Како првонаградена на овој натпревар таа на 21.Април 2017 година оствари концертен настап во познатата сала „Карнеги Хол“ во Њујорк.

Ева Богоевска е студент на ФМУ во класата на проф.Олег Кондратенко и повеќе пати има настапувано како солист со Македонската Филхармонија како и со Националниот Оркестар на Операта и балетот во Хо Ши Мин-Виетнам.Како солист има остварено настапи во Словачка, Малезија, Виетнам, Италија, Русија, Австрија, Чешка, Унгарија, Израел, САД и во Македонија.

Солистичкиот концерт на Ева Богоевска во Рим ќе се реализира со поддршка од Министерството за култура на РМ, Охридска Банка, Сосиете Женерал Груп и Општина Карпош.