понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 138
home Култура

Скандал во Агенцијата за филм: Не исплаќа пари за филм за кој има меѓународен интерес!

-Факт е дека е аплицирано за 7.072.500 денари, а одобрени се 5.500.000. Тоа е помалку од аплицираната сума за 27.700 евра, а 31.200 евра е сумата што била предвидена за снимање во македонскиот дел од продукцијата во Македонија, рече Башевски, кој очекува исплата на средствата.
Скандал во Агенцијата за филм: Не исплаќа пари за филм за кој има меѓународен интерес!

Филмот „Кога дрвјата паѓаат“ снимен во копродукција меѓу Украина, Полска и Македонија, беше претставен од продуцентот Дарко Башевски кој даде и многу забелешки за поддршката од македонска страна.

Инаку станува збор за дебитантски филм на Марсија Никитук кој имаше светска премиера на престижниот филмски фестивал во Берлин. Филмот, вели тој, предизвика голем меѓународен интерес.

Но, во Агенцијата за филм очигледно нема интерес. Башевски укажува дека иако до Агенцијата за филм од февруари минатата година испратил 9 дописи во кои информирал за динамиката на снимањето и барал да се потпише договорот и да се исплатат уште 80 отсто од договорените средства, се уште нема одговор. Ова зборува дека нема интерес за промоција на македонската творештво во оваа област.

Според него, направена е манипулација при презентација на бројките.

-Факт е дека е аплицирано за 7.072.500 денари, а одобрени се 5.500.000. Тоа е помалку од аплицираната сума за 27.700 евра, а 31.200 евра е сумата што била предвидена за снимање во македонскиот дел од продукцијата во Македонија, рече Башевски, кој очекува исплата на средствата.

Башевски вели ако не бидат исплатени парите, а договорот раскинат, тоа ќе биде скандал за домашната Агенција, чие лого стои на филм што постигнал меѓународен успех.

Инаку, македонскиот креативен придонес го дадоа Блаже Дулев како монтажер, Александар Пејовски како кокомпозитор, а супервизор и креатор на визуелни ефекти е Крсте Господиновски, со цел тим артисти за 3Д и визуелни ефекти.

Како продуценти на филмот се потпишани украинските компании „Директорс филмс“ и „Солар медија ентертејмент“, полската компанија „Месиџ филм„ и „Фокус ин“ од Македонија.