Култура

Промовирана фотомонографија за цркви и манастири од Македонија

Монографијата The Soul of Macedonia, на авторот Наце Попов, вечерва ја доживеја својата промоција.

Ова е четврта негова книга, а прва самостојна, по неговите извонредно популарни Чудесна Македонија, Македонски цркви и манастири и Македонски слави во издание на Младинска книга.

Монографијата The Soul of Macedonia е на англиски јазик, во неа се опфатени 38 најубави и нај значајни цркви и манастири од Македонија со преку 500 тина фотографии, а авторот на нејзе работел повеќе од година и половина.

Фотографиите се на авторот Наце Попов, текстот на Игор Никовски а зад изданието застана издавачката куќа Табернакул.

-Монографијата The Soul of Macedonia е моја четврта книга, а прва самостојна по предходните, Чудесна Македонија, Македонски цркви и манастири и Македонски слави, сите во издание на Младинска книга. Мојата најнова книга на чија промоција денес присуствувате е во соработка со издавачката куќа Табернакул, а на неа работев секојдневно година и половина. Изработена е со уникатен дизајн, со текст на англиски јазик. Во неа опфатени се 38 најзначајни Македонски цркви и манастири претставени во преку 500 тини фотографии и е направена со цел, да се запознаат сите кои не живеат во Македонија, странците, туристите, дипломатите, амбасадорите, бизнис партнерите па и нашите иселеници, со душата на Македонија, со душата на нашите преубави цркви и манастири, со нашата религија, со душата на Македонија. За крај искрено и од би се заблагодарил на присуството на големиот број на мои пријатели, роднини, љубители на книгата и фотографијата, познати и не познати кои дојдоа на промоцијата како и на вас, претставниците од медиумите, вели Попов.