вторник, 21. август 2018. Вести денес: 9
home Култура

Петар Ренџов порачува: Министерството ги занемари младите уметници, нивната жестока креативна енергијата и не им даде поддршка

Според него главната поента е што „министерството ги занемарило младите уметници, нивната жестока креативна енергијата и не им даде подршка, а главните средства, стотици илјади евра, ги пренаменило кај ТРГОВЦИТЕ со музика - фирми и организатори а не кај ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ на музика“.
Петар Ренџов порачува: Министерството ги занемари младите уметници, нивната жестока креативна енергијата и не им даде поддршка

Јавното обраќање на скопската легенда Тошо Филиповски за проблемот со изданието на Македонската кок енциклопедија, го поттикна на реакција и Петар Ренџов.

Тој вели можевме да видиме кој што добил, но стотици млади луѓе кои ја создаваат кулурата во Македонија и кои конкурирале се чувствуваа изневерени, дали се изместени параметрите за тоа, кој и што претставува култура. За повекето од нас, министерството е само една врата и позади неа прозорче-пријавница , после која не може да се влезе, пишува на својот Фејсбук профил Ренџов.

-Министерството се повика на некој член од законот дека конкурсот го реализираат комисија и соработници, со тоа ја тргнаа персоналната одговорност за доделување на милиони евра. Сите млади професионални и непрофесионални уметници кои не го прочитаа своето име или проект , треба да чекаат, наредната година откако повторно ќе конкурираат, можеби ќе се најдат на овој толку посакуван список, пишува Ренџов.

Според него главната поента е што „министерството ги занемарило младите уметници, нивната жестока креативна енергијата и не им даде подршка, а главните средства, стотици илјади евра, ги пренаменило кај ТРГОВЦИТЕ со музика – фирми и организатори а не кај ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ на музика“.

Тој повикува јавноста да биде информирана кои се членовите на комисиите.

Ренџов порачува „познавам барем 20 профи млади уметници, автори , изведуваци , бендови , кои морате под итно да ги запознаете и да ги подржите зошто тоа е КУЛТУРА , снага , моќ!!!

-Со најдобара намера….. ќе мора во иднина да се поработи на суштината, во името на културата, заклучува Ренџов.