вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 34
home Култура

Основан Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија

Основан Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија

Владата на денешната седница основаше национална установа Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија – Скопје, како непрофитна установа од областа на културата.

Владината прес-служба соопшти дека ансамлот се основа „заради негување на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна уметност на албанската заедница во Република Македонија“.