Култура

„Ослободување на Скопје” на филмски фестивал во Кливленд

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија ќе биде дел од филмскиот фестивал во Кливленд, во САД, што се одржува од 29 март до 9 април годинава.

 

osloboduvanje na skopje

Како што информираат од продукцијата „Партизанс” филмот „Ослободување на Скопје” ќе биде дел од натпреварувачката програма каде учество ќе земат над 400 играни филмови.

„Ослободување на Скопје” е ко-продукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска, а главните улоги ги толкуваат Давид Тодосовски, Раде Шербеџија, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија и Мико Ноусаинен.