недела, 23. септември 2018. Вести денес: 67
home Култура

„Made in Macedonia“ – концерт на Филхармонијата со кларинетистот Здравко Ангелов

Диригент ќе биде Борјан Цанев, а на програмата се и „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од Моцарт.
„Made in Macedonia“ – концерт на Филхармонијата со кларинетистот Здравко Ангелов

„Made in Macedonia“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија в четврток, на кој  солист ќе биде Здравко Ангелов, прв кларинетист во Филхармонијата. Тој ќе го изведе Концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор.

Диригент ќе биде Борјан Цанев, а на програмата се и „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од Моцарт.

Здравко Ангелов (1978) е 11 години вработен како прв кларинетист во оркестарот на Филхармонија. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност. Во неговото работно искуство се вбројува и педагошката работа во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј’ и двегодишното искуство како надворешен соработник во Македонската опера и балет.

Настапувал како солист со симфониски оркестри во Македонија и надвор од земјата, но и како камерен музичар, а воедно е постојан член и на Камерниот ансамбл „Консонанс“.  (МИА)