вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 34
home Култура

„Лесновските ѕвона“ во ДПМ во чест на поетот Чедо Јакимовски

„Лесновските ѕвона“ во ДПМ во чест на поетот Чедо Јакимовски

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе ја организира манифестацијата „Лесновските ѕвона“ – портрет на поетот Чедо Јакимовски, со што ќе одбележи 25 години од неговата смрт.

– Чедо Јакимовски е поет и боем, најзначаен претставник на постсимболистичката струја во современата македонска поезија, соопшти ДПМ.

За творештвото на Јакимовски ќе зборува писателот Христо Петрески, стихови ќе чита актерот Страшко Милошевски, а ќе учествува и музичкиот состав „Кратовски тамбураши“ со изведба на староградски песни.

Чедо Јакимовски е роден во Кратово во 1940 година. Автор е на книгите „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Членуваше во ДПМ од 1966-та, а почина во 1993 година.