Култура

Куп Скопје 2017 и 4-та Изложба на макети, диорами и минијатури

Како и минатата година и оваа година во периодот од 3-ти до 5-ти Март, макетарскиот клуб “Мајор Михајло Ивановски – Микс” организира изложба на макети, диорами и минијатури! Изложбата веќе трета година по ред ќе се одвива во просториите на Домот на АРМ!

Овој настан како и минатите два (2015-тата и 2016-тата година) ќе имаат интернационален карактер, а по минатогодишниот голем успех, членовите на клубот решија оваа година за првпат да се оддржи и натпревар во макетарство.

1izlozba

Во најава се клубови и поединци од Србија, Хрватска, Бугарија и Грција! Според најавите оваа година се надеваме и на поголемо медиумско покривање на настанот, а воедно расте и бројот на спонзори, што укажува дека настанот веќе е општествено прифатен и како таков ветува голем успех во иднина!

2izlozba

Посетителите ќе можат да се запознаат со светот на минијатурата преку делата на домашните и странските изложувачи, како и во директна комуникација со учесниците и членовите на клубот! Очекувањата се огромни, особено во делот на остварување поблиска соработка со образовните институции каде најмладите ќе можат директно да се запознаат со ова благородно хоби!

3izlozba

Агендата на настанот предвидува следни активности во следниве термини:

1.Свечено отворање Март 3-ти 20:00 часот

2.Изложба, Март 4-ти во периодот од 11:00 часот до 20:00 часот

3.Изложба, Март 5-ти во период од 09:00 часот до 16:00 часот

4.Натпревар во макетарство, Март 5-ти во период:

Од 09:00 часот до 11:00 часот пријавување на макетите

Од 11:00 часот до 14:00 часот судење

Во 16:00 часот затворање на изложбата и натпреварот со доделување на награди за најуспешните.