среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Култура

Ја претставуваат Македонија ширум Европа со одлична улична уметност, за Министерството за култура “вредат“ нула денари

Имавме за цел да ги донесеме најдобрите европски и светски улични артисти (читај: живи статуи) кои својата креативност и уметност ќе ја распостелеја по улиците на главниот град на нашата држава, а и ние, како добро домаќини ќе им ја понудивме нашата креативност и уметност презентирана во секое поле и взаемно ќе создававме убавини.
Ја претставуваат Македонија ширум Европа со одлична улична уметност, за Министерството за култура “вредат“ нула денари

Уличните уметници од Македонија се дел од фестивалите ширум Европа и бележат одлични успеси. Но, за жал, граѓаните на Скопје, нема да можат да бидат сведоци на вакви перформанси.

Министерството за култура смета дека не вреди да вложи ниту еден денар за нив.

На оваа одлука реагира најпознатиот уличен артист во Македонија, Војо Цветановски, кој со својата сопруга прави перформанси кои дефинитивно вреди да се видат во живо.

Неговиот статус го пренесуваме во целост: 

Со ОГРОМНО жалење ви соопштувам дека СТАТУАФЕСТ 2018 беше целосно одбиен од соодветната комисија при министерството за култура за овогодишната програма за културни манифестации кои треба да се одржат на територија на Република Македонија.

Овој фестивал имаше за цел да понуди еден сосем нов и поинаков правец во полето на алтернативната улична уметност, да ја доближи европската и светската алтернативна улична уметност до секојдневието на нашиот град и со тоа да го постави Скопје и Македонија на светската уметничка алтернативна културна мапа, бидејќи настан од ваков карактер не се случува на оптег од Австрија до Романија.
Имавме за цел да ги донесеме најдобрите европски и светски улични артисти (читај: живи статуи) кои својата креативност и уметност ќе ја распостелеја по улиците на главниот град на нашата држава, а и ние, како добро домаќини ќе им ја понудивме нашата креативност и уметност презентирана во секое поле и взаемно ќе создававме убавини.
Сите артисти кои ги поканивме дури и лично потпишаа документ со кој потврдија дека ќе дојдат на СТАТУАФЕСТ уште во ноември месец минатата година.

Не успеавме.
За жал некој процени дека ваков настан вреден е нула денари.

Ок, разбирам.

Лично јас како Војо Цветановски, а и останатите колеги од ТЕАТРОСК, заради целиот наш изминат труд со кој седум години една по друга, низ цела Европа по фестивали за улична уметност ја репрезентираме алтернативната улична уметност на оваа земја, најмалку што очекувам е да бидеме повикани во министерството и од оние кои одлучија (читај: надлежната комисија) дека не е вреден ниту еден денар СТАТУАФЕСТ, темелно да ни се образложи каде грешиме, при тоа, нагласувам, очекувам креативно образложение, не политичко.

Ние тука нема да застамеме.

Во прилог на овој пост го поставувам видеото кое го доставивме како презентација за надлежната комисија, покрај останатите 150 страници искуцан материјал, за тоа како ќе изгледа СТАТУАФЕСТ.

На видеото е нашиот УРБАН ФЕСТ, поддржан минатата година од општина Центар.