вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 0
home Култура

Исповед на алпинистката која болниот партнер го оставила да умре на планината на смртта

Слушнала хеликоптери, но тие поради силните ветрови не можеле да пријдат. Во страв дека ќе мора да мине уште една вечер на планината, алпинистката почнала да се симнува, со мокри ракавици и замрзнато стапало, се додека не наишла на еден спасувачки тим. Со хеликоптер била префрлена во болница во Исламабад, а потоа во Швајцарија, па назад во Франција. Лекарите моментално проценуваат дали ќе биде потребно да се ампутираат нејзините раце и левото стапало.
Исповед на алпинистката која болниот партнер го оставила да умре на планината на смртта

Француската алпинистка опишала како го оставила својот ослабен и болен партнер за планинарење, за да се спаси од еден од најсмртоносните хималајски врвови во Пакистан.

Елизабет Револ за странските агенции раскажала како здравјето на полскиот алпинист Томаш Мецкиевич се влошило додека се симнувале низ Нанга Парбат, наречена и планина на смртта, пренесува BBC.

Во драматичната операција на елитниот полски алпинистички тим била спасена само таа. Лекарите во Франција сега проценуваат дали ќе биде потребно да се изврши ампутација. Спасувачите не можеле да дојдат до Мацкиевич, и се претпоставува дека тој не преживеал.

Револ рекла дека халуцинациите кои ги имала ја навеле да ги соблече чевлите во ледените услови.

“Му течеше крв од уста”

Парот го започнал искачувањето на 20. јануари, и по неколку дена се приближиле до врвот. Но, кратко откако дошле до врвот на висина од 8.120 метри, Мацкиевич се пожалил дека не гледа. Не ја користел маската, бидејќи во текот на денот имало магла, па добил офталмија, или воспаление на очи.

Потоа се држел за нејзините раменици, додека почнувале со тешкото спуштање во мракот. Револ тврди дека Мацкиевиќ почнал да има и тешкотии при дишењето. “Ја извади заштитата која ја имаше преку уста и почна да се смрзнува. Носот му стануваше бел, а потоа и неговите раце, па и стапалата”.

Преку ноќ се засолниле во еден процеп, но неговата состојба дополнително се влошувала, па од уста почнало да му тече крв, што е знак за собирање на течности во телото, последниот стадиум на висинска болест.

Босонога по халуцинациите

Алпинистката пратила неколку пораки за помош, а спасувачите и кажале да се спушти по 6.000 метри. Потоа го напуштила Мацкиевич. “Тоа не беше одлука која можев да ја донесам, едноставно ми беше наметната”, вели таа.

Мислејќи дека помошта ќе пристигне брзо, Револ почнала да се спушта без шатор. Кога спасувачите не се појавиле, била принудена да мине уште една вечер во процеп на планината. Во интервјуто ги опишала халуцинациите предизвикани од големата висина. Замислувалала како луѓе и носат жежок чај, и за да им се заблагодари, морала да им ја даде својата обувка. Пет часа минала босонога.

Слушнала хеликоптери, но тие поради силните ветрови не можеле да пријдат. Во страв дека ќе мора да мине уште една вечер на планината, алпинистката почнала да се симнува, со мокри ракавици и замрзнато стапало, се додека не наишла на еден спасувачки тим. Со хеликоптер била префрлена во болница во Исламабад, а потоа во Швајцарија, па назад во Франција. Лекарите моментално проценуваат дали ќе биде потребно да се ампутираат нејзините раце и левото стапало.

И покрај повредите, Револ не ја исклучила можноста за повторно да планинари, велејќи: “Тоа ми е потребно”.