
Етно Плоштад Фестивал и оваа година ја покажува својата големина. Подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливо фолклорно богатство негувано од нашите музички амбасадори се предвесници на бурата во која низ миговен отсрел на непресушен вековен процес на преродување ќе биде отсликан македонскиот идентитет.
Музиката како универзален јазик ќе биде изведена од нашите најдобри етно групи кои воедно се и најголеми македонски амбасадори во светот претставени со имињата на етно групитеСинтезис, Љубојна и националниот ансамбал Танец
Нашата публика за прв пат ќе има изворедна можност да се сретне со возбудливо музичко шоу изведено од танцовата формација од Бугарија-Чинари.
"Чинари" се изворедни професионалци со академско образование кои настапуваат на престижни манифестации по целиот свет. При ограничен ресурс на време и недостиг на какво и да е музичко разнообразие, тие успеваат да создадат атрактивни и незаборавни танцови кореографии. На фестивалот ќе го изведат изворедното музичко шоу „Магијата на танцот“.
Балканскиот фјужан ќе го разбие бразилскиот шарм претставен од Паола Блантон и Естрела Андрачи. Изворедни интернационални изведувачи кои изминатиот месец одржуваат Етно Камп во Берово кои на тајните на танцот ги учат неколку млади луѓе од Македонија. Изработената продукција од работилницата ќе биде изведена на фестивалот.
На фестивалот ќе настапи трубачкиот оркестар „Агушеви“ кои на големиот фестивал за дувачки оркестри Гуча ја добија наградата Прва труба на светот.

Вистинска магија на настанот дава интернационалниот саем на традиционални производи „Малешевијата на дланка“ кој се одржува во склоп на фестивалот. Шаренилото од бои и богатството на производи на бројните штандови му дава посебен дух на целиот плоштад. Тука може да најдете ракотворби, сувенири и резби изработени на традиционален начин или стилизирани. Може да вкусите и од медот, млечните производи, сокови, оцет или од тестенините. Се е подготвено по традиционални рецепти, од природни суровини.
Оваа година фестивалот се одржува по трети пат. На предходните изданија доминираше world music изведувана од огромниот број на интернационални изведувачи од целиот свет. Фестивалот предизвика интерес кај значајни фигури во музичкиот свет кои ќе го следат фестивалот, затоа оваа година основата на програмата е насочена кон промоција на македонската етно музика.
Големината на фестивалот го потврдува и фактот дека за фестивалот ќе биде емитуван документарен филм на телевизиите BBC, National Geographic и Discovery channel.
Продукцијата која го изработува филмот е од Бразил и во моментот работи во Берово.
Фестивалот ќе го следи директорот на Марибор 2012 Европски град на културата, кој преку фестивалот за настаните кои ќе бидат организирани во Марибор ќе ангажира уметници од Македонија.
Гости на фестивалот ќе бидат и делегации на фестивали од Јапонија, Романија, Франција, Словенија и Бугарија.
26 Август 20.30 часот
Љубојна - МакедонијаЧинари - Бугарија
Паола Блантон и Пинџур - Бразил / Македонија
Агушеви/Македонија
27 Август 20.30 часот
Национален ансамбл „Танец“ - Македонија
Синтезис - Македонија
Естрела Андрачи/ Бразил
26-27 Август 12 часот
КУД „Димитар Беровски“ - Македонија
КУД „Ристо Донев- Учителот“ - Македонија
КУД „Фрула“ - Србија
Народно читалиште „Искра“ - Бугарија
Трубачки оркестар „Уска-Кан“ - Македонија
Тужбата на Ел Масри е застарена и треба да се одбие![]() Во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска почна јавната судска расправа ... |
Над 100 кинески компании во Чингдао ги слушнаа поволностите за инвестирање![]() Македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски која веќе неколку ден... |
Ексклузивно видео и фото: Влезот во Аеродром![]() Влезот на општина Аеродром доби нов, современ и препознатлив изглед. |
Македонија ќе извезува вино во Кина!![]() Најголемиот дистрибутер на вино во Кина ќе потпише договор со девет винарски визби од... |