петок, 21. септември 2018. Вести денес: 94
home Хроника

Жена удри пешак во Скопје, па го пренела во болница

Жена удри пешак во Скопје, па го пренела во болница

На 10.03.2018 годинa во 14,30 часот на крстосницата од улиците “Јустинијан први” и “Живко Фирфов” Е.К.(41) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес” со скопски регистраски ознаки удрилa во пешакот П.К.(70) од Скопје.

По незгодата, Е.К. со возилото ја пренела П.К. во Градска општа болница “Св. Наум Охридски”, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и од нивна страна била препратена во Градска општа болница “8-ми Септември” на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.