четврток, 26. април 2018. Вести денес: 156
home Хроника

Жена се бори за живот: Ја удрил автомобил на патот Тетово-Јажинце, веднаш пренесена на скопска Клиника

Жена се бори за живот: Ја удрил автомобил на патот Тетово-Јажинце, веднаш пренесена на скопска Клиника

На регионалниот пат Тетово-Јажинце синоќа околу 22.30 часот се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С. (39) од с. Џепчиште удрило во пешак Ќ.С.(56) од с.Џепчиште.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.С. која била пренесена во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош била префрлена на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.