четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 2
home Хроника

Запленети над 33 килограми дрога во обид да бидат транспортирани во Грција

Запленети над 33 килограми дрога во обид да бидат транспортирани во Грција

Секторот за Внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство  Битола поднесе кривична пријава против С.С.(36) и А.Т.(24), и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија.

Од МВР информираат дека двајцата пријавени откако набавиле опојна дрога марихуана, ја спакувале во вкупно 47 најлонски паковки, ја ставиле во две транспортни торби и од Албанија се упатиле преку Македонија со намера дрогата да ја транспортираат во Грција.

-Ноќта меѓу петок и сабота (19/20.01) околу 00,30 часот по претходно добиени оперативни сознанија за неовластено вршење на транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Меџитлија“, преземени биле оперативно тактички мерки и во село Лажец, односно во близина на тамошната црква биле забележани двете лица како пеш се движат со две транспортни торби. По кусо време С.С. и А.Т. се фатени со две транспортни торби, и тоа: првопријавениот со патна торба во која што имало 17 најлонски паковки, а второпријавениот е затекнат со патна торба во чија внатрешноста биле спакувани 30 најлонски паковки со опојна дрога марихуана. Од извршената анализа утврдено е дека се работи за вкупно 33,423 килограми марихуана, се наведува во соопштението од МВР.

Од страна на Судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.