Хроника

Во Скопје за викендот 34 сообраќајки, потешко повредени три лица

На подрачјето на Скопје во текот на изминатите три дена се случиле вкупно 34 сообраќајни незгоди од кои во саботата во една сообраќајка со тешки повреди се здобил еден велосипедист, а вчера во два случаја потешко се повредени еден пешак и еден возач на мопед.

Според полицијата, во текот на вчерашниот ден се случиле 9 сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета, а во три случаи со полесни повреди се здобиле осум лица. Случени се и две незгоди во кои со тешки повреди се здобиле еден пешак и еден возач на мопед, а со телесни повреди се здобил еден сопатник на мопед.

Во саботата од страна на полицијата извршен е увид во 15 сообраќајни незгоди од кои во осум е причинета материјална штета, а во шест со полесни повреди се здобиле седум лица. Случена е една незгода во која тешко е повреден еден велосипедист.

Во петокот се случиле 10 сообраќајки во кои во шест е причинета материјална штета, а во четири полесно биле повредени шест лица.

Во текот на викендот 52 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 15 возачи се исклучени од сообраќај бидејќи возеле под дејство на алкохол, 4 возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 8 возачи поминале на црвено светло, 52 возачи возеле без возачка дозвола или со помината сообраќајната дозвола и 47 возачи возеле без сигурносен појас или зборувале на мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило отстранети се 75 возила.

Денеска со почеток во 21 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамки на АББА лигата, ќе се одигра меѓународниот кошаркарски натпревар помеѓу Карпош Соколи и Задар од Хрватска. За време на одржувањето на овој вонреден настани, а со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.