Хроника

Во Кондово нема струја, жителите бегаат од куќите

Голем пожар вечерва го зафати пределот над скопското село Кондово. Според она што може да се види од скопската обиколница зафатена е поголема површина ниска шума. Огнот се приближува кон првите куќи. Дел од жителите ги напуштаат домовите.

 

Граѓаните на социјаните мрежи се пожалија дека во Кондово нема струја и дека многу луѓе се евакурираат, како и дека пожарникарите не можат да влезат во селото.