Хроника

Викендов во Скопје 30 сообраќајки, 14 лица полесно повредени

Вкупно 30 сообраќајни несреќи се случиле викендов на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 од нив со полесни повреди се здобиле 14 лица, а во 20 е причинета материјална штета.

policija

Во петокот на 10 март, се случиле 12 сообраќајни незгоди. Во четири од нив осум лица се полесно повредени, а во осум причинета е само материјална штета.

Осум сообраќајни незгоди се случиле во саботата, од кои во три со полесни повреди се здобиле пет лица, а кај пет е констатирана материјална штета.

Вчера е извршен увид на 10 сообраќајни незгоди. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле девет лица, а во седум е причинета материјална штета.

Во текот на изминатите три дена полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 64 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 13 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, девет возачи поминале на црвено светло на семафор, седум возачи не отстапиле првенство на минување на возилото во зона на крстосница, девет возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и кај 48 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 84 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, викендов отстранети биле 79 возила. 

Денеска со почеток во 18:00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на АББА Лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и КК Морнар. Со цел непречено и безбедно одвивање на овој спортски настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.