Хроника

Велосипедист тешко повреден во скопско Љубин

Седумдесет годишниот Џ.Б. е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 11 часот се случила во скопското село Љубин.

padnat velosiped

Од полицијата информираат дека сообраќајната несреќа се случила кога велосипедистот Џ.Б. од Сарај бил удрен од А.Ј. од Бојане (33) кој управувал во автомобил Голф.

Велосипедистот бил пренесен во Поликлиниката Ѓорче Петров каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.