недела, 25. февруари 2018. Вести денес: 52
home Хроника

Велешани краделе автомобили: Едниот го продале за 5.000 денари, со другиот направиле сообраќајка

Пријавените најпрво на 31.12.2017 година во периодот од 17:00 до 18:00 часот, на паркинг простор пред зграда на ул. „Бојмија“, одзеле патничко возило „Опел Кадет“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Скопје. Истиот ден на ул. „Ѓорче Петров“ со возилото предизвикале сообраќајна незгода по што го оставиле возилото и побегнале.
Велешани краделе автомобили: Едниот го продале за 5.000 денари, со другиот направиле сообраќајка

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција, до Основното јавно обвинителство Скопје, ќе поднесе кривична пријава против Н.Д. ( 26), С.Д. (19) и Н.Б. (18), сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела – “тешки кражби“, казниво по член 236 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавените најпрво на 31.12.2017 година во периодот од 17:00 до 18:00 часот, на паркинг простор пред зграда на ул. „Бојмија“, одзеле патничко возило „Опел Кадет“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Скопје. Истиот ден на ул. „Ѓорче Петров“ со возилото предизвикале сообраќајна незгода по што го оставиле возилото и побегнале.

Потоа на 05-ти овој месец во периодот од 15:00 до 17:00 часот на ул. „Никола Карев“ одзеле патничко возило „Застава Југо 55“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.Ј. од Скопје, по што побегнале во непознат правец. Наредниот ден од страна на полициски службеници возилото е пронајдено и одземено од  А.И. (40), кому од страна на пријавениот Н.Д. му било продадено возилото за сума од 5.000 денари.

Исто така на 08-ми овој месец во периодот меѓу 15:00 до 17:30 часот од паркинг на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ одзеле патничко возило „Југо Корал“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д. од Скопје. Тие го однеле возилото во Тетово каде што се обиделе да го продадат.