Хроника

Вчеравечер исчезна петгодишно девојче од Скопје

На петгодишно девојче од Скопје од вчеравечер му се губи трага. Нејзиното исчезнување утрово во ЕИК го пријавил нејзиниот татко Д.К..

Според него вчеравечер околу 23.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата петгодишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.