Хроника

Украден мобилен телефон од 12-годишно момче на Широк сокак

Четири непознати лица синоќа околу 20:30 часот извршиле разбојништво над 12-годишно момче на ул. „Широк сокак“ во Битола.

 

Како што соопшти полицијата, оштетениот додека бил со свое другарче, ги пресретнале непознатите лица, едното од нив го фатило за врат и му го одзело мобилниот телефон, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.