недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 74
home Хроника

Три возила оштетени од залутани куршуми во Скопје

Три возила оштетени од залутани куршуми во Скопје

Полицијата денес информираше дека во текот на вчерашниот ден во Скопје се регистрирани три случаи на оштетени возила од залутани куршуми.

Р.В.(47) од Скопје вчера околу 22:50 часот пријавил дека во неговото патничко моторно возило “Рено Клио” со скопски регистарски ознаки пронашол заталкано зрно непознат калибар кое го пробушило кровот на возилото.

И.Б.(46) пријавил дека во временскиот период од 31.12.2017 година од 22.30 часот до 01.01.2018 година до 13 часот на ул. „Роналд Реган“ од заталкано зрно му било оштетено задното ветробранско стакло на возило „Мерцедес“ Ц класа со скопски регистарски ознаки со што е причинета материјална штета од околу 15.000 денари.

Ѓ.Г.(66) од Скопје пријавил дека во времето од 20 часот на 31.12.2017 до 9 часот на 01.01.2018 година на ул. „Венјамин Мачуковски“, на паркинг простор, од заталкан проектил било оштетено неговото возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што е причинета материјална штета од околу 6.000 денари.

Во сите случаи полицијата презема мерки за нивно расчистување.