четврток, 19. јули 2018. Вести денес: 102
home Хроника

Три лица повредени во сообраќајката кај клучката Хиподром

Три лица повредени во сообраќајката кај клучката Хиподром

Уште две машки лица побарале лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ по верижниот судар на неколку возила кај клучката Хиподром.

Претходно, полицијата потврди дека има повредено женско лице кое е пренесено на Ургентниот центар во Скопје така што засега вкупно три лица се повредени во сообраќајната незгода.

Сообраќајката се случи меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Две од патничките возила се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички.

Сообраќајката во полиција беше пријавена во 7:40 часот.