сабота, 20. јануари 2018. Вести денес: 2
home Хроника

Три лица нападнати од кучиња скитници во Скопје

Три лица нападнати од кучиња скитници во Скопје

Tри лица вчера биле нападнати од кучиња скитници на разни локации во Скопје.

Првиот случај бил пријавен во полиција од страна на 42 годишниот Н.С. кој рекол дека околу 07.40 часот додека се движел по бул. „АВНОЈ“ бил нападнат од куче скитник, при што бил каснат во левата нога.

Мажот отишол на лекарски преглед во приватна здравствена установа каде му била укажана лекарска помош, а од таму бил препратен на Инфективната клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Х.С. (65) пријавил дека на ул. „Бањалучка“ околу 14 часот бил нападнат од куче скитник и бил каснат во пределот од задната ложа на левата нога.

Третиот случај го пријавила 34 годишната Т.М. Додека таа со нејзиното малолетно дете поминувале на автобуска постојка на ул. „Веле Марков“ биле нападнати од две кучиња.

Едно од кучињата ја каснало Т.М. за левата нога.