Хроника

Трагедија во Македонија: Работник го нашол колегата мртов на подот

Tрагедијата се случи во текот на вчерашниот ден во Македонија, кога во 7 часот во селото Меџитлија, во фабрика за производство на јаглероден диоксид, на подот во внатрешноста бил пронајден починат 47-годишниот Б.Р. од Битола, вработен како оператор во фабриката.

Полицијата информира дека откако го забележал, друг вработен го извлекол Б.Р. надвор од халата и се обидел да го реанимира со масажа на срцето и со кислород.

Веднаш потоа повикал Итна медицинска помош од чијашто страна е констатирана смрт без видливи траги на насилство. Телото на починатиот е префрлено во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола. За настанот е запознаен трудов инспектор.