Хроника

ТРАГЕДИЈА: Пешак загина по удар од автомобил на автопатот Скопје-Велес

Србин на автопатот Скопје-Велес со својот автомобил удрил во пешак, кој од здобиените повреди починал на самото место.

Како што велат од полицијата, вчера во 22.45 часот на автопатот Скопје-Велес, кај место викано Рајко Жинзифов, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило мерцедес ЦЛС 350 со српски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (45) од Република Србија, удрило во пешак Ј.Ј. (30) од с. Грдовци, Кочанско. Од здобиените повреди пешакот починал на местото на настанот.

Смртта била констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје.