Хроника

Тешко повреден пешак во сообраќајка

На 13.09.2017 година околу 14:30 часот на булевар „Трета Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), управуван од М.З. (53) од Скопје удрил во пешакот М.И. (52) од с.Бојане, информираат од МВР.

Во незгодата М.И. се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде бил задржано за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.