среда, 25. април 2018. Вести денес: 58
home Хроника

Тешко повреден пешак во Куманово

Тешко повреден пешак во Куманово

На  30.12.2017 година во 15:30 часот,во Куманово  на ул. „Перо Чичо“  пред главниот влез на средното училиште „Гоце Делчев“  се случило сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки , управувано од Т. Т. (1977)   од Куманово удрило во пешак Т. С. (2009) од Куманово.

Во незгодата пешакот Т.С се здобил со тешки телесни повреди, по што е  пренесен  во Медицински центар -Куманово каде му е укажана лекарска  помош, но поради сериозноста на повредите истиот е пратен  во Ургентен Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи од Куманово.