петок, 23. февруари 2018. Вести денес: 79
home Хроника

Тешка сообраќајка во Бутел, маж во крварење во главата итно пренесен во болница

Тешка сообраќајка во Бутел, маж во крварење во главата итно пренесен во болница

Шеесет и седум годишниот Ф.Н. од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 16:30 часот се случила на улицата „Втора Македонска Бригада“ во скопски Бутел.

-Ф.Н управувајќи „Тико“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и удрил во канделабра за улично осветлување, информираат од МВР.

Повредениот возач со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде му се констатирани тешки телесни повреди (внатрешни крварења во главата), по што во неконтактибилна состојба е префрлен и задржан на лекување во Комплекс Клиники “Мајка Тереза” Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.